Секој од нас барем еднаш во животот се изнервирал поради темните подочници, особено ако истите се ведливи често на вашето лице. Честопати коректорите, пудрите или другите козметички средства не можат во целост да ги сокријат.
Еве два ефикасни совети како брзо да ги отстраните подочниците. Земете две супени лажици, ставете ги во фрижидер за длабоко замрзнување и 5 минути сместете ги директно на вашите подочници. Благо притискајте и држете ги додека не ја постигнат температурата на вашето тело. Ладните лажици ќе приредат вистински шок на лимфните жлезди што ќе резултира со отстранување на темнилото под вашите очи.
Вториот совет. Земете две вати, натопете ги со јаболков сок и оставете ги 10-тина минути на вашите подочници. Овошната киселина влијае на смалување на црнилото околу окото, а воедно витамините А и Ц ја хранат вашата кожа.