Дали кожата на Вашето лице изгледа изморено, се лушти, е без сјај и елан? Еве еден совет како да и ја вратите живоста, сјајот и еланот. Брзо, ефтино и ефикасно.
Во мал сад ставете две супени лажици морска сол и четири маслиново масло. Проматете ги. Смесата нанесете ја на лице и со нежни кружни движења тријте 15-тина минути. На крајот, исплакнете ја со млака вода. После третманот не нанесувајте никаква крема, млеко или било какво друго козметичко средство.
Минералните материи од мoрската сол се делотворни и продираат до третиот слој на кожата, а благодарение на маслиновото масло Вашата кожа ќе биде еластична и сјајна.