Денес Сонцето влегува во бик, вашата 2-ра куќа на парите и работата. Заврши безгрижниот период, сега треба да ги засукате ракавите и да се фрлите на работа. Најголемиот дел од времето ќе ѝ го посветувате на кариерата. Нека не ви биде мачно да работите напорно затоа што трудот ќе ви се исплати.
Единствено што треба да запомните е да се движите чекор по чекор. Не ја планирајте иднината неколку години нанапред, затоа што така ќе бидете под голем стрес. Намалете ги трошоците за да имате помалку главоболки.