Љубов
Април ќе ви донесе голема самодоверба. Ќе знаете колку вредите и тоа ќе ви помогне и на љубовен и на професионален план.
Благодарение на планетата на љубовта Венера, која првите три недели од април ќе ги помине во вашиот знак, ве очекува зголемено либидо. Ќе зрачите со позитивна привлечна енергија и без никаков труд ќе го освојувате вниманието на спротивниот пол.
Ако сте во врска, бидете малку построги кон партнерот. Колку повеќе ги браните своите ставови, толку поголема почит ќе добивате од него.
Најстрасната вечер овој месец ќе ја имате на 18 април. Полната месечина тогаш ќе ја осветли вашата куќа на интимноста. Не пропуштајте да останете сами со вашиот сакан.
Пари
Во текот на април планетите многу позитивно ќе влијаат на вашата кариера. Дури седум планети ќе го посетат овен, вашиот сектор на работата и парите (нешто што нема да се случи повторно во вашиот живот). Верувајте во своите способности. Сега е моментот да се борите за она што го сакате.
Соберете храброст и аплицирајте за нова работа, побарајте покачување на платата. Можно е и да добиете понуда за работа, особено околу 3 април, кога младата месечина ќе биде во овен. Во тој период особено важен ќе биде впечатокот што го оставате кај другите. Заборавете на неуредните алишта и патиките и префрлете се на нешто пософистицирано.
До 23 април Меркур ќе се движи ретроградно, па внимавајте на електронските податоци кои ви се важни.
Здравје
Држете се подалеку од луѓе кои секогаш се полни со негативни емоции, затоа што тие ќе го убиваат вашето добро расположение.
Ќе се радувате на одлично здравје и многу енергија, но ќе ви биде тешко да го избегнете стресот. Мислите поврзани со кариерата оставајте ги на работното место и ги не носете дома. Од физичките активности најдобро ќе ви влијаат смирени вежби како јога и пилатес.