Во чест на 119 роденден на овошниот куп со сладолед пребарувачот Гугл го промени логото, а корисниците утрово ги дочека слика со порција сладолед со прелив и овошје.
Околу потеклото на ова задоволство постојат повеќе приказни, но најчесто може да се слушне објаснување дека овошниот куп со сладолед е измислен кога била забранета употребата на сладоледната сода, со што било потребно да се направи замена.
Продавачите започнале да послужуваат сладолед прелиен со овошен сируп по желба, по што сладоледот стана омилено летно слатко задоволство низ целиот свет, па и Гугл го одбележа роденденот на овој десерт.