Резултатите од истражувања направени во американското списание „Журнал оф Персоналити анд Соушал Психолоџи“ покажале дека црвената боја ги прави жените сексуално по привлечни во очите на мажите, за разлика од некои други бои со кои се губи таа привлечност. Истражувачите им давале на испитуваните фотографии од жени облечени во црвено и некои облечени во други бои и притоа барале од нив да одговорат на прашања како што се: „Како ви изгледа оваа личност?; „Замислете дека имате состанок со неа, колку пари би одвоиле за состанокот?“.
Резултатите покажале дека црвената боја ги прави жените по посакувани. Авторите укажале на фактот колку боите можат да влијаат на нашето однесување подсвесно. Тие истотака истакнале дека иако црвената боја потикнува „позитивни чувства“, сепак зависи во кој контекст се користи. На пример во ситуации каде што има конкуренција, како што се испитите или спортските натпреварувања црвената боја потикнува негативни резултати и чувства.