СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕ ЗА СЕ !

Само побарајте , ние сме тука за вас - Форум СЕ ЗА СЕ
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Similar topics
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Временска прогноза
Latest topics
» Побарај филм.
Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeПет Апр 05, 2013 4:43 am by danielll

» Kung Fu Panda 2
Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeПон Окт 17, 2011 12:15 am by SKoF

» Ако ве нервира Winamp!
Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeПон Jул 25, 2011 5:08 pm by SKoF

» Побарај превод.
Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeПон Јун 13, 2011 6:37 pm by CORBA

» Најкреативните реклами за мај 2011
Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:41 am by SKoF

» НБА: Далас поведе со 3:2
Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:13 am by SKoF

» 10 трикови за помлад изглед
Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:13 am by STEFI

» Случувања- 10 Јуни
Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:05 am by STEFI

» Случувања- 07 Јуни
Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeВто Јун 07, 2011 4:22 pm by STEFI


 

 Зошто да не му забранувате да гледа други жени?

Go down 
АвторПорака
STEFI

STEFI


Број на мислења : 345
Points : 1012
Reputation : 2
Join date : 2011-04-17
Age : 33

Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Empty
ПишувањеПредмет: Зошто да не му забранувате да гледа други жени?   Зошто да не му забранувате да гледа други жени? Icon_minitimeСре Апр 20, 2011 4:19 pm

Кога покрај нив ќе помине убава жена, мажите не можат да се борат против нагонот да го свртат погледот кон неа. Истражувачите велат дека не треба да му забранувате на вашиот партер да го прави тоа, но и вам не треба да ви биде забрането понекогаш да си ги „исплакнете“ очите. Зошто?

Едноставно, колку повеќе му забранувате нешто на некого, толку повеќе тој сака да го прави тоа.

Научниците тврдат дека луѓето на кои им е забрането да гледаат во згодни личности помалку ја ценат обврзаноста кон партнерот и многу подобро ги помнат атрактивните луѓе кои ги виделе.
Со тоа уште еднаш се потврдува теоријата дека забранетото овошје е послатко. Истражувањата постојано покажуваат дека мажите и жените кои не забележуваат привлечни непознати лица се позадоволни во својата врска и поголема е веројатноста да останат со својот партнер подолг период. Но, се разбира, тоа треба да им доаѓа однатре.

Кога некој е принуден да си го одвлекува вниманието од привлечна личност од спротивниот пол (на пример, кога љубоморната девојка ќе му забрани), тој станува помалку приврзан кон својот партнер.

Во случаите кога еден партнер има навика да зјапа во привлечни личности додека другиот партнер љубоморно избувнува, проблемот е многу голем. Но, истражувачите откриле дека ефектот на забранетото овошје се појавува и кога на луѓето несвесно им се одвлекува вниманието од привлечната личност.

Научниците направиле редица експерименти. Во еден од нив на 42 студенти и студентки им биле покажувани на компјутер по 2 фотографии, и тоа едната од привлечна, а другата од просечна личност од спротивниот пол. Произволно на една од фотографиите се појавувала буква Е или F и учесниците требало да ја притиснат буквата што им излегува на екранот. Во 80% од случаите буквата излегувала на просечната личност, што значи дека на учесниците им бил одвлекуван погледот од привлечната личност. По експериментот учесниците пополнувале прашалник за нивната врска. Истражувачите откриле дека учесниците кои без да знаат биле спречувани да гледаат во лицата на привлечните личности биле помалку задоволни од врската во која се наоѓаат и посклони да изневерат, во споредба со учесниците кои еднакво гледале во двете лица.

Во вториот експеримент учесниците прво го правеле тестот со компјутерот, а потоа требало од изберат кои лица ги виделе во текот на експериментот. Како што и претпоставувале научниците, оние учесници на кои им било одвлекувано вниманието, многу подобро ги препознале привлечните личности. Ефектот бил ист и кај мажите и кај жените.

И покрај ова, сè си има граница. Ако вашиот партнер постојано зјапа во други жени, тогаш тоа е сигнал за постоењето на поголем проблем во врската.
Вратете се на почетокот Go down
 
Зошто да не му забранувате да гледа други жени?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Зошто е бакнувањето толку важно?
» 10 типа жени кои мажите ги избегнуваат

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СЕ ЗА СЕ ! :: Забава :: Женски муабети-
Отиди до: