Најголемиот проблем за секоја невеста веројатно е изборот на венчаница. Но, на Мелани Шахнер венчаницата не ѝ создала ни најмали главоболки, затоа што воопшто не носела таква.
26-годишната невеста и нејзиниот 31-годишен младоженец, Рене Шахнер, на денот на свадбата сакале да направат нешто што никогаш нема да го заборават. Единствената идеја која им звучела добро била да се венчаат голи. Па, така и направиле.Лудите младоженци склучиле брак во австрискиот град Фелдкирх. Пред своите пријатели и роднини, Мелани се појавила облечена само по танга во месо боја, бел превез и бели чевли, а нејзиниот сакан се појавил целосно гол, држејќи шапка со која си ги покривал интимните делови.„Не се срамиме од нашите тела и сакавме да направиме нешто поразлично. Во секој случај, заштедивме на невестински фустан“ – изјавила среќната невеста.Нивните гости сигурно биле пресреќни што им било дозволено да носат облека.