Поп-пејачката Тамара Тодевска, Ѓеорги Шаревски и диџеите Маци, Гоце и Фрики ќе настапат на првиот "Еротика фест", што ќе се одржи на 14 мај во Метрополис Арена во Скопје. Водителки на фестивалот ќе бидат Маја и Миа.
Фестивалот ќе почне од 17 часот а ќе трае до раните утрински часови. Ќе гостуваат 12 познати порно актерки а ќе има и шест голи жонглери, фрлачи на оган.Порно актерките ќе имаат свои еротски шоуа, велат од агенцијата "Спектаклум", која е организатор на фестивалов.
Картите од денес ќе бидат пуштени во продажба и ќе бидат во ограничен број. Цените ќе се движат од 1.000 денари, 1.250 за галерија и ВИП влезници од 1.500 денари.
Ќе се продаваат во секси шоповите "Либидо", но и во "Југотон", мрежата на "Тобако" и "Тугедар", цвеќата "Розе" и "Камарад" во "Рамстор".