Иако засега нема официјална потврда, американските медиуми пишуваат дека веќе е сигурно враќањето на Шварценегер во улогата на познатиот терминатор.
Поранешниот гувернер на Калифорнија, глумецот Арнолд Шварценегер повторно, по петти пат ќе го глуми ликот на Терминатор.
Првиот ’Терминатор’, во режија на Џејмс Камерон во 1984 година, беше исклучително успешен филм, а користената фраза ’Ќе се вратам’ се претвори во една од најчесто наведените.
Според пишувањето на американските медиуми, Шварценегер веќе потпишал договор со продуцентот Роберт Корт, а според гласините новиот „Терминатор“ ќе го режира Џастин Лин, познат по режијата на „Fast Five“.