Арнолд Шварценегер и неговата сопруга Марија Шривер објавија дека по 25 години брак се разведуваат во пријателски односи. “По многу размислување, разговори и молитви, заедно дојдовме до ваква одлука“, наведува двојката во соопштението за медиуми, објавено вчера.
Шеесет и тригодишниот Шварценегер и 55. годишната Шривер истакнуваат дека ќе живеат одвоено, но ќе продолжат да работат на иднината на нивната врска, а заедно ќе се грижат и за четирите деца.
“Ова е време на голем личен и професионален премин за нас“, наведуваат тие во соопштението, без изнесување на дополнителни детали.
Популарниот актер во јануари ја заврши својата седумгодишна кариера како гувернер на Калифорнија.
Марија Шривер, член на династијата Кенеди, ја напушти својата работа како ТВ водителка кога нејзиниот сопруг беше избран за гувернер.