Љубов: Седмицата пред вас ќе ве направи многу чувствителни. Многумина ќе бидат изненадени кога ќе ја покажете вашата помека страна. Оние во врска ќе бидат вистинска инспирација за саканата личност, а самите лесно ќе освојуваат. Излегувајте.
Работа: Можете да очекувате уште една седмица со големи активности. Во сето тоа вие ќе блескате и ќе покажете дека можете уште подобро. Помал проблем е што можеби нема да можете да стигнете да одговорите на сите можности што ви се нудат.
Здравје и совет: Направете ритам на активности и мирувања за да не „изгорите“. Спортот секогаш ви ги полни батериите.