Работа нешто што сте изградиле минатата седмица може лесно да се сруши ако не покажете поголема флексибилност. За некој настан на работното место ќе чувствувате вина иако гласно никој нема да ве обвини за истото. Во случајов ќе секате да поправите нешто но зарем не мислите дека е предоцна за истото? Можеби да се сетевте само пред неколку месеци се ќе беше поинаку но сега приказната е завршена. Оние пак родените од третата декада уште можат да испаднат и жртва на некоја неправда.
Љубов некои од вас треба сериозно да се подготват за бурни расправии со партнерот. Вие ќе се чувствувате неправедно обвинети, а всушност воопшто нема ни да ви текне дека партнерот, сепак дошол до вистината која се обидувате подолго време да ја држите во тајност. Патем ќе ве следат доста бурни страсти кои нема да одат во прилог на вашата врска.
Здравје ќе се чувствувате силно а сепак неконтролирано ќе ја губите енергијата на неважни работи. Подобро би било да ја сочувате за нешто покорисно.