Ејдан Грин е 5 годишно момче на кое во декември му било дијагностицирано рак.
Бидејќи неговите родители немале доволно пари да платат дел од лекувањето кое не го покривало здравственото осигурување, момчето одлучило да продава свои цртежи.
Тој одлучил да продаде 3.000 свои цртежи за да собере 30.000 долари, кои му биле неопходни за лекувањето. Ејдан успеал во целта, а шансите за заздравување по операцијата се 90%.
"Кога би бил лик од мојте цртежи би бил Гоблин кој лета наоколу и фрла бомби" - го коментирал младиот уметник своето чудовиште.