Пет дена по потонувањето на Титаник, екипажот на спасувачкиот брод Mackay-Bennett, извлекле тело на двегодишно момче од Атланскиот океан
Телото на момчето било закопано заедно со другите жртви во Нова Шкотска - Канада, а екипажот поставиле надгробна плоча во спомен на "непознатото момче".
По речиси сто години, научниците се сигурни дека го идентификувале момчето. Според нив се работи за 19 месечниот Сиднеј Лејси Годвин од Англија.
Сиднеј досега два пати погрешно бил идентификуван, а анализата се вршела со помош на ДНК анализа од остатоците од телото. Идејата за идентификација потекнува од професорот Рајан Пар, откако ја изгледал снимката од потонувањето на Титаник. "Се запрашав дали сеуште постојат луѓе кои се заинтересирани за идентификација на жртвите од Титаник" - кажал Рајан.
Остатоците на момчето биле ексхумирани во 2001 година, а научниците на располагање имале коски од рацете и три заба.
Во трагедијата во 1912 година загинаа 1.497 луѓе од вкупно 2.209 кои се наоѓале на бродот.