Мит 1. Чоколадото предизвикува проблеми со варењето на храната.
Вистината: Чоколадото не е тешка храна. Истражувањата покажуваат дека порција од 200gr чоколадо се задржува во стомакот во просек околу 1 час. Тоа е многу малку во споредба со времето што е потребно за варење на многу други храни. Но, ако јадете неконтролирано, без разлика дали чоколадо или нешто друго, ќе имате проблеми со варењето.
Мит 2. Црното чоколадо содржи помалку калории.
Вистината: Млечното и црното чоколадо содржат горе-долу исто калории – околу 560kcal/100gr. Сепак тие се разликуваат по нивниот состав. Млечното чоколадо содржи повеќе калциум (200-220mg/100gr) во споредба со црното (60-100mg/100gr). Црното чоколадо се добива со додавање на масти и шеќер кон какаото. Ова е чоколадо во чиј состав нема млеко како додаток. Млечното чоколадо е чоколадо со млеко во прав.
Доколку се јаде умерено, чоколадото не предизвикуваа дебелеење.
Мит 3. Чоколадото предизвикува мигрена.
Вистината: Чоколадото содржи тирамин и фенилетиламин. Тие можат да предизвикаат мигрена, но се застапени во ниска концентрација во чоколадото. Затоа, многу ретко се случува чоколадото само од себе да е причинител на главоболка.
Мит 4. Чоколадото со повеќе какао е подобро.
Вистината: Дали чоколадото со повеќе какао е повкусно или не, тоа зависи од индивидуалните преференции на секој човек. Ако чоколадото содржи повеќе какао, тогаш тоа има и повеќе масти. Доколку чоколадото има помалку какао во својот состав, тоа содржи повеќе шеќер. Едно чоколадо кое содржи 60% какао има само неколку калории повеќе, од чоколадото кое содржи 80% какао.
Мит 5. Чоколадото дебелее.
Вистината: Факт е дека чоколадото е високо калорична храна, но сепак истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат проблеми со тежината не се чоколадохолици. Доколку се јаде умерено, чоколадото не предизвикуваа дебелеење.