Веруваме дека на сите од вас им се темни од клише рекламите за шампони кои прават чуда за косата. Но, бидејќи шапмонот е неизоставно средство од приборот за лична хигиена, ајде да ги разоткриеме митовите поврзани со него.Океј, веќе на сите хронично ни се досадни рекламите за шампоните кои имаат некоја „нова“ магична состојка што косата ја прави свиленкаста, густа и што уште не. Овие „магични својства“ на шампоните не се развиваат во лабораториите на козметичките компании, туку во креативниот оддел на маркетинг агенциите: слоганитe како „мириса на свеж дожд“ или „ја прави како свила“, дизајнот на шишето, зборовите кои ќе се најдат на неговата амбалажа.
Квалитетниот шампон ги средува расцветаните врвови
Ха, како да не. Кога врвот на влакното ќе се расцвета, единствениот лек е шишањето.
Доколку не прави многу пена, не е квалитетен
Ова е сосема неточно. Обилната пена е тука за психолошки да влијае на корисниците. Шампонот би требало да произведува доволно пена, само колку рацете полесно да лизгаат по косата и кожата на главата. Доволна е и една четвртина од пената која ја произведуваат шампоните на кои сте навикнале.
Секојдневното миење ја оштетува косата
Се додека не користите силни шампони, секојдневното миење на косата е сосема безбедно. Доколку имате мрсна коса, нејзиното секојдневно миење е неизбежно, нема да одите „маслосани“, нели? Користете нежни шампони со силикон или пантенол. Но, луѓето со оштетена или сува коса наместо секојдневно - би требало да ја мијат својата коса барем на секој втор ден. И користете регенератор.
Комбинацијата на шампон и регенератор во едно е измама
Па, и не баш. Во денешно време, хемичарите без проблем можат да „изматат“ доволно хемикалии во една смеса која освен што ќе ја исчисти вашата коса, воедно и ќе ја омекне и нахрани.
По некое време, косата се навикнува на шампонот, па треба да го промените
И ова е еден од најчестите митови. како може косата да се „навикне“ на нешто? Доколку имате омилен шампон кој и годи на вашата коса, нема причина да го менувате после одреден период.