Џеки Купер, американската детска филмска ѕвезда од 1930-те, а подоцна и познат актер, продуцент и режисер почина во 88 година од животот во Санта Моника, пренесе БиБиСи.На девет годишна возраст, во 1931 година, Џеки Купер стана најмладиот актер кога и да е номиниран за Оскар за главна машка улога во филмот „Скипи“ (Skippy) што веќе никогаш не се повтори во историјата на доделување на една од најпрестижните награди во филмската уметност.
Станува збор за филмска адаптација на во тоа време најпознатиот детски цртан стрип. Филмот е бил режиран од страна на вујкото на Купер, Норман Таурог и во сцената во којашто требала за да го присили својот внук да искрено и горко да заплаче, морал да се преправа дека го убил неговото куче. Измамата во целост успеала а Купер половина век подоцна напиша автобиографска книга со наслов „Не пукајте во моето куче“. Но и покрај искрените солзи, Купер не добил Оскар, но неговиот вујко го освои оној за режија.
Купер како дете продолжува да глуми а најпозната му е филмската улога од истиот период во филмот „Шампион“ (The Champ) кој беше номиниран за Оскар во категоријата најдобар филм. Римејк на овој филм беше направен во 1979 г. во режија на славниот Франко Зафирели а улогите ги толкуваа Џон Војт, Феј Данавеј и тогашната детска ѕвезда Рики Шродер.
Подоцна во својата кариера Џеки Купер настапуваше и во театарски претстави, се занимаваше и со режија и со продукција, а неговото подоцнежно појавување во филмовите е најзабележано во ролјата на уредникот на весникот Daily Planet во „Супермен“.