Кога доблеста наречена скромност ќе завладее со светот, се е некако поубаво: Вин Дизел изјави дека не гледа причина поради која неговиот нов филм „Fast Five“, петтото продолжение од серијалот „Fast & Furious“ не би се нашол во борба за златната статуетка на наредното доделување на наградите на Американската филмска академија.Дизел повторно се екипираше со ѕвездите од првиот филм Пол Вокер и Џордан Брустер во петтото продолжение на серијалот на филмовите за жестоките тркачки автомобили.
„Не би бил изненаден кога за овој филм би се зборувало во контекст на Оскарите“, изјави Дизел за LA Times.
Тој додава дека филмовите како оние од серијалот „Fast & Furious“ често се дискриминирани од страна на критиката и наградите затоа што привлекуваат различна публика.
„Сепак, порано или подоцна луѓето ќе признаат дека и овие филмови се вредни, иако се направени за работничката класа“, додаде мистер Дизел.
Филмот на режисерот Џастин лин заработи 83.6 милиони долари во првиот викенд на прикажување пред две седмици - доволна причина за режисерот да признае дека веќе работи и на шестото продолжение.