Дефинитивно најголемиот балкански музички бренд, маестро Горан Бреговиќ со концерт во Скопје кој долго ќе го паметите. Спектакуларното доаѓање на Бреговиќ и неговиот The Wedding and Funeral Band е закажано за 20-ти мај 2011 во Метрополис Арената.
Бреговиќ е уникатен музичар чија музика инстинктивно се препознава, со неодолива потреба да танцувате. Неговата богата кариера е повеќе од импозантна: со 16 години ги формира мегауспешните Бијело Дугме, композитор е на најпознатите филмови на Емир Кустурица, соработувал со многу ѕвезди од музичкиот, филмскиот и шоу бизнисот - Иги Поп, Офра Хаза, Цезариа Евора, Сезен Аксу, Каја, Јоргос Даларас, Патрис Шеро, Борат, Северина, и многу други.Автор е и на голем број амбициозни мултимедијални театарски проекти, како и на операта Karmen with a Happy End, која ја компонираше во 2004. година.
Почесен граѓанин е на Буенос Аирес, Тирана и Атина, а Универзитетот во Шефилд, Англија го почести со титулата "Doctor of Music".
Практично да не постои земја кадешто Горан Бреговиќ не настапувал.
Со својот оригинален настап Бреговиќ и неговиот оркестар се радо видени гости на сите географски ширини.
Роден да биде ѕвезда, највлијателната појава од овие простори по многу години пак ќе настапи пред македонската публика. Не дозволувајте да ви раскажуваат.
Влезници во претпродажба веќе од 27. април во Југотон, Розе Веро 2, Камарад Рамстор, Тобако Тугедер и Стоп Шоп салоните, од 27. март до 4. мај - 500 денари (Happy Days), од 5. до 20. мај - 600 денари, на врата 700 денари.
Во претпродажба ќе бидат пуштени и VIP влезници: од 27. март до 4. мај - 700 денари (Happy Days), од 5. до 20. мај - 900 денари, на врата 1000 денари. Очекувајте и VIP пакети, наскоро.
Концертот на Горан Бреговиќ е во организација на Music Star од Белград и Octopussy Entertainment од Скопје.