Маица на популарниот бенд Лед Цепелин влезе во историјата, откако пред некој ден беше продадена преку eBay за 10.000 долари. Маицата е стара повеќе од 30 години.
Ретката маица, оценета како една од највредните рок-маици во светот, била изработена во ограничени количини како дел од концертот на бендот, кој се одржал во „Knebworth House“ во Англија, во 1979. година, а истата служела како акредитација за влез во бекстејџот.
Оригиналната маица ја поседувала една фамилија, а од неа, за 123 долари, ја купил Кајл Ермејтингер, сопственик на компанијата за маици „Stormcrow Vintage“. Неименуван Австралиски фан на бендот платил 10.000 долари за вредната маица.„На почетокот мислев дека сум ја преценил маицата, се до моментот кога дојдов дома и видов дека е рангирана на првото место, како најретката Лед Цепелин маица“, кажа Ермејтингер. „Кога го добив известувањето за продажбата останав со отворена уста.