Аргентинскиот фудбалски репрезентативец, Лионел Меси, веќе подолго време во својата ветрина нижи шампионски титули.
Така, фудбалскиот гениј ја доведе Барселона до новиот шампионски трофеј во Шпанија откако неговиот тим одигра реми од 1:1 на гостински терен кај Леванте на две кола пред крајот на првенството.
Интересен е фактот дека популарниот аргентински плејмејкер на само 23-годишна возраст успеа по петти пати да го освои тронот во Шпанија со Барселона.
Сега бројката на освоени шампионски титули на Меси се искачи на 16, од кои 5 во Примера, 4 во Купот на Шпанија и четири во Суперкупот, и две во Лигата на шампионите
По една титула Меси има во Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство, Светското првенство до 20 години со Аргентина и едно олимписко злато.