Бројката од 10 милиони следбеници на Twitter ја достигна, кој ако не, Лејди Гага, со што стана најпопуларната личност на оваа друштвена мрежа. Таа беше и првата личност која на Twitter „закачи“ 9 милиони следбеници.
„10 милиони мали чудовишта. Без зборови сум. Успеавме. Колку ве сакам, тоа е болно“, напиша најпопуларната пејачка на денешницата на својот профил, влегувајќи го историјата на микроблогинг сервисот, како прва која ја надминала оваа бројка.
На Facebook пејачката има околу 24 милиони „лајкови“, додека на Twitter најблиску до Гага е младиот Џастин Бибер, чии следбеници изнесуваат 9.65 милиони, според MediaBistro.
Во април, оваа година, Twitter објави дека мрежата има преку 200 милиони корисници.