Контроверзната поп-ѕвезда Лејди Гага најави нов албум. Станува збор за нешто сосем поинакво од она на што сме навикнати од неа - џез албум со божиќни песни.„Мислев дека би било многу убаво да објавам божиќно издание со џез стандарди и песни“ - рече пејачката, која минатиот месец го објави вториот студиски албум „Born This Way“. „Навистина сакам тоа да го направам. За истото разговарав и со мојот менаџер“, додаде таа.
Меѓу песните ќе се најде и „Orange Coloured Sky“ на Нет Кинг Кол.
Инаку, Гага продаде 15 милиони албуми и 51 милион синглови, ширум светот. Добитничка е на пет „Греми“ награди, а бројот на нејзините Twitter следбеници изнесува 10 милиони.