Работа оние поважните активности за кои немавте сила во првата половина од месецот, сега слободно можете да ги активирате. Особено добар период е по 20 април кога ќе бидете ентузијаст на дело. Постои можност за судир со медиумите кои можете вешто да ги избегнете со насочување кон вашата работа. На крај сепак работите ќе се средат и тоа во ваша корист. Финансиската состојба нема да биде најдобра а вие од петни жили ќе се трудите да ја подобрите, дури ќе почнете да барате и нови извори но нема да успеете. И за ова треба да имате трпение.
Љубов во последно време како да ве напуштаат страстите, па затоа барате партнер кој ќе биде полн со разбирање и духовно ќе ве надополнува. Можеби токму таков има одма до вас .Оние пак претставници кои ќе се решат за брак набрзина, никогаш нема да се покаат.
Здравје слабоста на вашиот организам, како и честите настинки се резултат на недостаток на витамини и минерали во вашата нездрава исхрана.