Работа добра можност која се разбира дека ќе ја искористите за да дојдете до забележливи резултати. Но ништо лесно нема да добиете, за се ќе морате добро да се намачите. Единствено со што можете сами на себе да си помогнете тоа е добрата организација на обврските за да во даден момент не ве фати паника. Во периодот од 17 април немојте да се нафаќате и заземате за крупни работи. Тоа е период кога ќе мора малку да се смирите и да се задоволите со просечни добивки. Значи ако сте во трговија задоволете се со трговија на мало. Оние кои се уште се на студии ќе имаат значително поголема концентрација па така полесно ќе учат.
Љубов посебно ќе бидат нагласени проблемите во семејството, особено на поле судир со авторитети ,па ништо чудно да бидете избегнувани од страна на пријателите. Ќе станете монотони и досадни за во друштво.Сигурноста и толернтноста ќе можете тешко да ги најдете. Наш совет е сами да си го разубавите периодот да не дозволите меланхолијата да загосподари со вас и вашиот дух.Ваквата напнатост во вас можат само рибите да ја толерираат.
Здравје нема да имате некои посебни проблеми, но потајно нема да сте задоволни со сопствениот изглед па ќе планирате некоја промена , нова фризура или посета на некој козметички салон.