Жената која по 14 години врска го оставила момчето поради досада, а кој овие денови на лото добил 18 милиони фунти, била прогласена за најнесреќната жена во Велика Британија.
31 годишната Кери Грејвс и 37 годишниот Метју Бриџ се познавале уште од училишните денови. Тие биле заедно 14 години, а Кери на пријателите им кажала дека и било досадно и дека сакала да има повеќе секс.
Кери сега живее со пропаднатиот сопственик на едно интернет кафе, 28 годишниот Тревис Меинс и неговиот син Блејк, а господинот "Досаден" кој обожавал да спие, не знаел на што да ги потроши парите.
"Кери баш нема среќа. Таа беше толку години со него и поминаа заедно низ тешки моменти. Го остави, а него му се насмевна среќата" - кажал заеднички пријател на поранешниот пар. "Штета. Навистина ни се доапаѓаше" - кажала мајката на Метју, Сандра.
Кери му испратила смс порака на Метју за да му честита, а тој кажал дека иако повеќе не се заедно, дека сепак сеуште контактираат.