За жените бакнувањето е тест од кој зависи дали состанокот ќе заврши со секс. Дури 66% од жените сметаат дека лошото бакнување ја убива сексуалната желба.
Тинејџерите постојано се оптеретуваат со прашања од типот како да научат добро да се бакнуваат или како да го избегнат лошиот здив. Потоа следат совети и техники, како на пример, мастика која тинејџерот треба да ја брка со јазикот во чаша полна со вода. Од друга страна, магазините се полни со текстови од типот - "Тој е совршен, но лошо се бакнува - што сега?" или "Што читате од неговите бакнежи?"
Дали бакнежот пренесува некаква информација? Технички гледано - да. Бакнувањето претставува пренос на информација низ повеќе сетила - допир, вкус, вид и слух (што најчесто служи за иритирање на третата личност во ваша близина).
Во светот, бакнувањето е универзална појава - антрополозите сметаат дека тој се појавува како важен фактор во 90% од проучуваните култури. Покрај луѓето, со бакнувањето од животинскиот свет се служат само - бонобо шимпанзата.
Бакнувањето го намалува стресот во огранизамот, па дури го подобрува и имунитетот. Се смета дека бакнувањето пренесува информација за здравствената состојба, бидејќи лошиот здив може да биде знак на некоја болест. За жените бакнуавњето е знак за чекор понатаму, односно за секс.
Во едно истражување, 53% од мажите и 15% од жените кажале дека ретко се впуштаат во секс со личност која претходно не ја бакнале. Бакнежот не е само испит пред секс, туку ја зголемува сексуалната возбуда, како и чувството на еуфорија и емоционалан блискост. Токму поради тоа, не не чуди фактот што 66% од жените кажале дека лошиот бакнеж е убиец на сексуалната желба.