Љубов: Премногу лежерност и комодитет може скапо да ве чинат. Како? Така што личноста која ви значи тоа нема да го препознае. Потребно е малку повеќе да се придвижите и да бидете поконкретни кога се чувствата во прашање.
Работа: Добар дел од седмицата ќе поминете во повлекување, дистанца од важните работи. Успешно ќе анализирате и истражувате. Ќе има и такви што ќе влечат потези од позадина. Ако пак сте креативец, мечтата ќе ви дава одлични решенија.
Здравје и совет: Можни се одлуки поврзани со терапија. Разгледајте ги сите опции.