Љубов: Во текот на седмицата ќе уживате во љубовниот живот најмногу што можете. И да знаете дека така треба, бидејќи со почетокот на викендот работите стануваат помалку интензивни. Љубовниот живот влегува во помирна фаза во која ќе има помалку сензации.
Работа: Некои прашања поврзани со недвижности, или финансии сеуште чекаат одговори. Истовремено ви се нуди можност за поголема заработувачка, но и мал проблем околу можноста за добивање на некои пари. Сето тоа ве мачи бидејќи не се снаоѓате баш најдобро.
Здравје и совет: Внимавајте на главата, вратот и вратните пршлени.