Љубов: Првиот дел од седмицата ситуацијата ќе биде таква што потполно ќе треба да бидете посветени, или подредени на саканата личност. Таа, поради тоа ќе ви биде благодарна. Во вториот дел од седмицата ќе следат можности за интимни зближувања и збогатување на сексуалниот живот.
Работа: Ќе има динамика и борбеност на работа, а сè поврзано со новиот распоред на работа, или со промените кои почнаа да се одвиваат. Добро ќе се прилагодувате, а повремените тензии ќе ги надвладеете со борбеност.
Здравје и совет: Вежбајте релаксација, особено на вратот и главата.