Работа и покрај тоа што напнатостите и нервозите ќе бидат честа појава , нема да ја попречат комуникативноста која овој период ќе биде нагласена. Сериозно ќе се зафатите со работата со комплетен професионален пристап, при што ќе имате доста дилеми и несогласувања со соработниците. Можно е во целата збрка да имате недостиг од концентрација, па затоа е најдобро да имате некој потсетник за редот на нештата. Некои од вас ќе имаат посебна можност да водат некое истражување заедно со тим од стручњаци, што ќе ви донесе и напредок во кариерата.
Љубов ако до сега на ова поле односите беа на релација топло- ладно сега нештата ќе се изменат и ќе се стабилизираат. Ќе направите голем пресврт во љубовниот живот. Само немојте да си поставувате прашања од типот” кој повеќе сака” , вие или партнерот, знаете ако вие сте подготвени на сиот глас да раскажете колку сте заљубени, други не сакаат да ги вадат на виделина своите емоции. Многумина од вас ќе одат скалило погоре во изборот на партнер, а за сметка на тоа други претставници ќе паднат долу. Вашиот партнер ќе ви прости за направените грешки но ќе ја зголеми дистанцата, што вам нема да ви се допадне. Ваш идеален партнер за овој период е јарец.
Здравје ако сте пушач, верувајте дека тоа ќе биде вашиот најголем непријател , барем оваа седмица. На удар се белите дробови.