Љубов: Првиот дел од седмицата убаво ќе се забавувате и ќе го обновите социјалниот живот. Некои така можат да запознаат нова љубов. Вториот дел од седмицата е повеќе интимен, ќе се дружите дома и околу масата. Ќе биде добро.
Работа: Нема работа што нема да ви дојде на дневен ред. Може да се каже дека овие денови ќе бидете „момче за сè“. Бидете среќни што е така затоа што и другите ќе увидат дека без вас не можат да функционираат. Тогаш ќе ве пофалат.
Здравје и совет: Откривајте нови стилови на здраво живеење.