Листа на иновации и пронајдоци кои до 2020 година значително ќе го изменат животот на човекот објави на својата интернет страница американското списание “Popular Science“, пишува италијанскиот весник “Corriere Della Sera“.
Првиот и главен новитет ќе биде станица изградена од роботи и за роботи на Месечината. Тој проект ќе биде реализиран од Јапонија.
“Независно од периодот на обновување и реконструкција по земјотресот и цунамито, тој проект веќе е програмиран и нема друга земја во светот, која може да ја доведе до крај таква сложена работа“, рекол Мајк Либхолд од “Institut For The Future“.
Втората по значајност новост е екстремно скапата железничка линија од Пекинг до Лондон, кој ќе минува низ 17 држави и ќе ги соедини Азија и Европа. Исто така, до 2020 година ќе бидат реализирани такви проекти, како на пример автомобили со автопилот и летечки автомобили. Летовите во вселената ќе станат реалност за многу луѓе. Интересно е и тоа што со помош на чипови човечкиот мозок ќе може да управува телевизор, телефон и компјутер, а сите екрани ќе бидат со т.н. OLED технологија. Научници од Лозана сметаат дека во овој период ќе биде создадена и вештачка интелегенција, која ќе може да генерира идеи исто како и човечкиот мозок.
Во декември, лани, американската коорпорацијата IBM ја објави својата годишна прогноза насочена кон развојот на технологијата Next Five IN Five. На списокот, кој го објави “Popular Science“ има и други новитети како на пример мобилен телефон со 3D проекција, сензори способни постојано да собираат информација за животната средина, акумулаторни батерии на полнење од воздухот..., објавува РИА “Новости“, пренесува Нетпрес.