Брајан Адамс и неговата лична асистентка, Алисија Грималди, станаа родители на девојче.„Со гордост можам да соопштам дека на 22 април се роди Мирабела Бани“ – објавил Брајан преку соопштение за јавноста.
„Таа пристигна на Велики Петок како сите добри велигденски зајачиња. И мајката и бебето се добри и се среќни. Ви благодарам однапред за вашите убави мисли и желби“ – се вели уште во соопштението.
Брајан и 31-годишната Алисија долго време работат заедно, а таа е една од основачите на неговата фондација.
51-годишниот пејач објави дека ќе стане татко во март, кога и објасни: „Пред неколку години таа ми помогна да ја основам фондацијата и изгледа дека сега таа ќе го води и семејството“.
„Брајан и Алисија се пресреќни, Брајан не може да биде посреќен. Воопшто не се сомневам дека ќе биде прекрасен татко“ – изјавил близок на новите родители.