Петок, 13 мај 2011 година и единствен таков петок во оваа година. Ирационалниот страв од несреќа може да придонесе до напад на паника, па суеверните луѓе смислиле начин на преживување на овој ден.
Во 2010 имаше само еден петок 13, еднаш го има во 2011 година, но затоа ќе го има три пати во 2012 година - во јануари, април и јули.
Историчарите сметаат дека овој ден е на лош глас бидејќи во 1307 година, францускиот крал Филип Ле Бел во договор со папата дозволил масакр на витезите темплари под обвинение за ерес, страв од нивната моќ и желба за нивното богатство.
Постои интересна нордиска митологија во врска со овој датум. На забавата на 12 богови неповикан дошол лошиот богот Локи, кој го натерал Ходер, слепиот бог на темината со стрела да го погоди Балдер, богот на радоста и задоволството. Балдер починал и потоа во светот завладеала темнината. Во Рим се верувало дека вештерките се собирале во група по 12, а последното 13 место му го отстапувале на ѓаволот.
Од поновата историја на петок 13 е забележан земјотрес во Турција, на петок 13, 1992 година, во кој загинаа 200 луѓе, а 50.000 останаа без покрив над главата.
Сепак најголеми суеверци се Американците. Економијата на овој ден губи од 800 до 900 милиони долари бидејќи луѓето на овој ден не работат, не возат авиони, избегнуваат возење со автомобилот или со метрото.
Симптомите на страв се од чувствување мачнина до напад на паника. Некои веруваат дека денес не треба да се менува постелата бидејќи ќе имате кошмари, а некои сметаат дека не трба да се сечат ноктите бидејќи тоа носело тага.
Постои стручен термин за овој вид страв - трискедекафобија, односно избегнување на се што е поврзано со бројот 13. Тој доаѓа по бројот 12 кој се смета за цел број. Што значи дека бројот 13 ја уништува целината на бројот 12.
Во болниците и хотелите најчесто не постои соба со број 13, ни ред ни број на авиони со тој број, а 80% од облакодерите во светот го немаат спратот 13. Многу градови во САД, немаат на пример улица или авенија број 13. Италијаните го исфрлиле овој број од националната лотарија, а куќите во Фиренца помеѓу бројките 12 и 14 се адресираат на 12, 5.