Јуве е желен за победи, но уште една сезона надвор од Лига на Шампиони ќе биде голем шок за клубот, а навивачите се плашат дека тимот може да ја доживее истата судбина како Ајакс и Нотингем Форест кој се повеќе кратни европски шампиони, а сега веќе со години ги нема на Европска сцена...
Но за да клубот не ја доживее истата судбина Ањели и компанијата се подготвени на лето да донесат две до три ѕвезди во летниот преоден рок кој би го подигнал на нозе клубот со што би се кренал и победничкиот дух. Како што известува La Gazzetta delo Sport Андреа Ањели посакува да го врати тимот таму каде што му е местото, па како главна мета му е да се донесат двајцата Аргентински репрезентативци Хавиер Пасторе(23) и Кун Агуеро(22). Според некој информации веке се оставарени и првите контакти помеѓу менаџерите на Агуеро и челниците на Јуве, а за Пасторе олеснителна околност би можела да биде добриот однос помеѓу Марота и претседателот на Палермо Ѕамперини...