Американскиот актер Мет Дајмон ќе глуми и најверојатно ќе дебитира како режисер во филмот „Father Daughter Time: A Tale of Armed Robbery and Eskimo Kisses“, на сценаристот Метју Олдрич, пишуваат холивудските медиуми.Филмското студио „Warner Bross“ е заинтересирано од Олдрич да ги откупи и правата за снимање на филмот кој би требало Дајмон и да го продуцира.
Тоа би претставувало режисерски првенец на Мет Дајмон кој во 1997 година, заедно со колегата Бен Афлек беше награден со Оскар за филмот „Good Will Hunting“.