Живата легенда на Рома, Франческо Тоти, изјави дека неговиот тим би сакал да го води отпуштениот стратег од Челси, Карло Анчелоти.
Италијанецот беше испратен од Стемфорд Бриџ веднаш по поразот од Евертон во последното коло од Премиер лигата и во моментов е без работа.
„Се надевам дека Анчелоти ќе биде еден од претендентите за менаџерската функција особено откако ја напушти екипата на Челси.“ - прокоментира Тоти пред новинарите по победата од 3:1 над Сампдорија.
„Мојата работа секојдневно се оценува од директорите на клубот кои постојано се наоѓаат во тренинг-кампот. Ќе видиме што ќе се случи во наредните неколку дена.“ - изјави менаџерот на „Волчицата“, Монтела,
Поранешниот селектор на Аргентина и Чиле, Марсело Биелса, е исто така фаворит за наследник на младиот Винченцо Монтела.