Тимот на Барселона е старо-новиот шампион на Шпанија, откако на две кола пред крајот стигна до недостижна предност на врвот, 21. пат во историјата.
Каталонскиот гигант одигра онолку колку што му беше потребно со тимот на Леванте, нерешени 1:1 за заверка на титулата, трета во низа и со 6 поени предност пред Реал стигна до титулата.
Доколку на крајот од лигата Реал и Барса имаат ист број на поени, предноста од директните дуели и ја дава титулата на Лос Кулес. Сејду Кеита постигна во 28. минута а Фелипе Кајсадо во 41. минута изедначи и го постави конечниот исход. Натпреварот беше доста досаден, а ремито ги задоволи двата тима.
Ерик Абидал започна во стартниот тим на Пеп, а Афелај и Кеита ги заменија Иниеста и Родригес со што стандардните првотимци добија одмор пред финалето во Лигата на шампионите.
Откако се што беше интересно се случи во првиот дел, во текот на второто полувреме двата тима, задоволни од поенот, го очекуваа крајот. Ремито ја направи Барселона шампион, а момците на Луис Гарсија освоија еден, но многу вреден поен во битката за опстанок.