Далас Маверикс ќе игра во своето второ големо финале во историјата, прво по 2006. година, откако во петтиот меч успеа да ги реши колегите од Оклахома Тандер со 100-96 и да извојува конечна победа од 4-1 во серијата.Натпреварот беше изедначен до самиот крај, а клучен кај домаќините беше повторно големиот Дирк Новицки, постигнувајќи „тројка“ на 1:14 до крај со која Далас го превзеде водството и психолошката предност во однос на гостинските кошаркари. Дирк натпреварот го заврши со 26 коша, вклучувајќи ги и двете слободни фрлања на 13,3 секунди до крајот. Покрај Германецот, кај Маверикс 26 поени уфрли и одличниот Шон Мерион.
Во редовите на Оклахома најпрецизен беше Расел Вестбрук со 31 поен, додека Кевин Дурант и Џејмс Харден додадоа по 23. Oклахома покажа карактер, се бореше до самиот крај и најави дека во наредните години ќе е екипа на која ќе мора да се смета до самиот крај на сезоната.
Далас својот противник во финалето може да го добие уште вечерва, бидејќи Мајами Хит има предност од 3-1 против тимот со најдобриот скор во регуларниот дел на сезоната Чикаго Булс.
Своето единствено НБА финале досега Маверикси го одиграа токму против Мајами во 2006. кога имаа предност од 2-0 во серијата и солидно водство во третиот натпревар, за на крај да загубат во шест натпревари.