Суперѕвездите на Мајами Хит, Леброн Џејмс и Двејн Вејд сериозно размислуваат да потпишат со тимот на Чикаго Булс, информира ЕСПН.
„Тоа беше само за два дена“, изјави Вејд, а Леброн дополни: „Јас исто на еден или два пати сум се замислил како е да го носиш дресот на Булс. Сепак во крајна линија решив да дојдам во Мајами“.
Самиот Вејд, кој е роден во Чикаго бил голем фан на Џордан генерацијата во текот на 90. години од минатиот век.
„Јас израснав во тој град и мојот сон беше еден ден да играм во НБА лигата и да го носам дресот на Чикаго Булс. Булси се фантастични со голема историја, но овој Мајами е доста подобар“, дополни бекот на жешките.