По цели 13 години пост, кошаркарите на Чикаго Булс успеаја да се пласираат во конференциско финале. Последен пат тоа им успеа во 1998 година кога во дресот на Биковите играа Мајкл Џордан и Скоти Пипен.Со триумфот од 93:73 на паркетот во Филипс Арената во Атланта, Чикаго победи во серијата со 4:2 и се избори за финалните дуели во кои ги чека Мајами Хит.
Најдобар во Чикаго беше Карлос Бузер (23 п. 10 ск. 5 ас.), а дабл – дабл оствари и Дерик Роуз (19 п. 12 ск.). Англискиот репрезентативец Луол Денг додаде во победата 13 поени и по 5 скокови и асистенции.Во потпросечната претстава на Атланта се издвоија само Џо Џонсон (19 п.) и Џош Смит (18 п. 5 ск.) и тие беа единствени со двоцифрен број поени.
Чикаго првиот меч против Мајами ќе го игра во недела нагости во Јунајтед Центарот.