СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕ ЗА СЕ !

Само побарајте , ние сме тука за вас - Форум СЕ ЗА СЕ
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Similar topics
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Временска прогноза
Latest topics
» Побарај филм.
Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeПет Апр 05, 2013 4:43 am by danielll

» Kung Fu Panda 2
Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeПон Окт 17, 2011 12:15 am by SKoF

» Ако ве нервира Winamp!
Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeПон Jул 25, 2011 5:08 pm by SKoF

» Побарај превод.
Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeПон Јун 13, 2011 6:37 pm by CORBA

» Најкреативните реклами за мај 2011
Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:41 am by SKoF

» НБА: Далас поведе со 3:2
Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:13 am by SKoF

» 10 трикови за помлад изглед
Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:13 am by STEFI

» Случувања- 10 Јуни
Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:05 am by STEFI

» Случувања- 07 Јуни
Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeВто Јун 07, 2011 4:22 pm by STEFI


 

 Фризури – трендови за пролет/лето 2011

Go down 
АвторПорака
STEFI

STEFI


Број на мислења : 345
Points : 1012
Reputation : 2
Join date : 2011-04-17
Age : 33

Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Empty
ПишувањеПредмет: Фризури – трендови за пролет/лето 2011    Фризури – трендови за пролет/лето 2011  Icon_minitimeВто Апр 19, 2011 6:44 pm

Плетен неред

Плетенките сè уште не го отстапуваат своето место меѓу трендовите, но оваа сезона нè поттикнуваат повеќе да експериментираме. Прескокнете ги едноставните плетенки и обидете се со плетење на косата да направите бушава фризура. Колку понеобично, толку подобро.

Ултра волумен

И кога веќе знаеме дека стилот од 70-тите е основа за модните трендови оваа сезона, јасно е дека не можеме да поминеме без многу волумен и афро фризури. Сплетете ја водената коса во плетенки, а потоа исушете ја и растурете ги плетенките. Тоа е најлесниот начин да го примените трендот „ултра волумен“.

Екстремен патец настрана

Секоја фризура можете да ја направите тренди ако патецот на косата ви е настрана, ама многу настрана. Пуштете ја косата слободно, направете си патец на левата страна и со шнола прицврстете ги шишките на десната страна. Толку лесно, а толку убаво и модерно.

Супер мазна и сјајна коса

Како контраст на трендот „ултра волумен“ се јавува трендот на замазнета сјајна коса. Ако ја обожавате фризурата коњско опавче, направете ја така што убаво ќе ја залижете косата за главата, без да летаат малечки влакненца на сите страни. Фиксирајте ја косата со гел или восок. Познатите стилисти препорачуваат да ја залижувате косата во горниот дел на главата дури и ако ја носите пуштена, но тој мини тренд најверојатно ќе си остане само на модните писти.

Брановидни романтични прамени

Скоро е безбедно да кажеме дека брановидната коса е тренд кој засекогаш ќе биде актуелен и пожелен. Прво, затоа што е лесен, а второ, затоа што е неверојатно секси, женствен и романтичен.

Балерина пунџа и кок


Направете си балерина пунџа или кок во долниот дел на главата или многу високо на темето на главата. Подеднакво актуелни се и идеално средените и разбушавените несредени пунџи. Изборот е ваш.

Бујни кратки шишки

Стилот од 70-тите ни донесе уште еден тренд – густи кратки и скоро рамни шишки. Експертите препорачуваат шишките да бидат бујни, малку подолги на страните и да ги покриваат веѓите.

Шноли, шноли, шноли

Класичните правоаголни шноли се вратија во мода. Оние кои пред десетина години ги исфрлија, сега ќе треба да се снабдат со нови. Најпромовиран тренд е коса со патец настрана и шишки фатени со шнола. Но, исто така шнолите може да се користат за декорирање на пунџа, коњско опавче и сл.

ТРЕНДОВИ КАЈ БОИТЕ ЗА КОСА


Козметичкиот пазар нуди стотици различни нијанси на бои за коса. Но, кои од нив ги препорачуваат стилистите оваа сезона?

Русокоса. Ако минатата година модерни беа платинестите нијанси кои потсетуваат на скандинавските русокоси, оваа година во мода се потопли нијанси. Најдобриот избор се луксузните златни нијанси. Така сонцето уште повеќе ќе го потенцира сјајот во вашата коса.
Бринета. Заборавете на топлите нијанси на карамела и лешник кои беа актуелни минатата година. Сега тренди се поладните нијанси како млечно чоколадо. Изберете потемна боја и нема да зажалите. Доколку сте бринета, особено е важно да внимавате вашата коса да биде сјајна.
Црвенокоса. Не се знае дали тоа се должи на влијанието на Ријана, Кристина Хендрикс или на Флоренс Велч, но црвената боја станува сè попопуларна. Модерни се и потемните и посветлите нијанси. Доколку имате темен тен, нема да погрешите ако се насочите кон боја со праскова или портокалова основа, а ако имате светол тен, пробајте да ја истакнете убавината на вашата коса со посветла и посилна црвена.

Коса „Омбре“

Меѓу најпопуларните трендови за коса за сезоната пролет/лето 2011 се вбројува трендот „омбре коса“ или поразбирливо кажано, „постепено осветлување“. Бојата на косата е најтемна во корените на влакното и постепено се осветлува движејќи се кон врвовите, за на крајот да стане скоро руса. Изгледот се постигнува со постепена градација на бојата.



Вратете се на почетокот Go down
 
Фризури – трендови за пролет/лето 2011
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Шминка – трендови за пролет/лето 2011
» „Pyrates“ на Ридли Скот и Fox дебитира наредното лето
» Неделен хороскоп од 16.04.2011 до 23.04.2011

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СЕ ЗА СЕ ! :: Забава :: Женски муабети-
Отиди до: