Розово-црвена
Розово-црвената боја (Honeysuckle) e прогласена за боја на 2011 година, па не е ни најмалку чудно што повеќето дизајнери ја вклучија во своите колекции. Тоа е топла боја со која сигурно ќе бидете во тренд. Најбезбедно е да ја искомбинирате со крем боја, но одлично изгледа и во комбинација со портокалово или розово.
Портокалова
Впечатлива и енергична, портокаловата е боја која сигурно нема да ве остави незабележани. Многу експерти ја нарекоа портокаловата „it“- боја, па ако не сакате портокалова облека, задолжително треба да поседувате барем неколку портокалови модни додатоци. Најлесно можете да ја комбинирате со бела или крем боја.
Сина
Зимската црна боја заменете ја со сина. Сината е одлична за комбинирање, а освен тоа оваа пролет се модерни многу нејзини нијанси. Од светло и небесно сино до сафирно сино и боја на мастило, што и да изберете, нема да погрешите.
Бела
Вечно модерната бела боја е меѓу клучните трендови оваа сезона. Облечете се од глава до пети во бело и подготвени сте за топлите пролетни и летни денови. Бидете внимателни кога ја комбинирате белата со крем боја, затоа што кремовото може да делува како нечисто. Сигурна варијанта е комбинацијата со сребрени и златни модни додатоци.
Жолта
Сончевата сезона овој пат нема да помине без жолтата боја. Модерни се повеќе нијанси и тоа боја на сенф и пчелин восок, како и лимоново-жолта.
Луд микс од фосфорни бои
Поголем дел од жените ќе го игнорираат овој тренд и тој ќе остане за оние похрабрите кои не се плашат од малку повеќе боја. На модните писти видовме нестандардни и колоритни комбинации од портокалово, светло розово, жолто, зелено и сино. Сепак, бидете внимателни. За да го следите овој тренд, потребна ви е и голема храброст и многу вкус.
Месо боја
Како еден вид контраст на фосфорните бои, „месо“ бојата останува меѓу најактуелните трендови. Наречена уште и „новата црна“, оваа боја лесно може да се комбинира, а одговара и на темен и на светол тен.