Жозе Мурињо смета дека ќе биде невозможно да се анулира предноста на Барселона, Португалецот е бесен на судијата Штарк.
Реал Мадрид е пред елиминација од Лигата на Шампионите откако Кралевите на домашен терен загубија од Барса со 2-0.
Жозе Мурињо кој уште еден натпревар против Барселона заврши со десет фудбалери, е бесен на судењето.
"Реванш натпреварот е невозможна мисија. Барселона се пласира со финалето. Ние сме елиминирани" - изјави Мурињо по натпреварот.
"На реваншот ќе патуваме со гордост, без Пепе кој не направи ништо, без Рамос кој не направи ништо и тренерот кој нема да може да биде на клупата".
"Доколку постигнеме гол, тие повторно ќе не убијат. Па ќе биде невозможно".
"Имавме намера да го задржиме првиот дел од натпреварот на 0-0, потоа додадеме напаѓач, па во третата фаза да ставиме офанзивен фудбалер од средината зад тројцата напаѓачи. Но судијата не ни дозволи".
"Би бил засрамен доколку сум Барселона поради начинот на кој ја освоија Лигата на Шампиони во 2009".
"Јас бев присутен тогаш на Стемфорд Бриџ кога се случи скандал во полуфиналето. И ова на Бернабеу е скандал".
"Не знам дали тоа е поради Виљар, публицитетот на УНИЦЕФ или нешто друго, но не разбирам зошто продолжува да се случува. Никој нема шанса против Барселона".
"Што му реков на судијата? Ништо, само се насмеав. Доколку кажам што чувствувам сега, мојата кариера ќе заврши. Само се надевам дека еден ден ќе добијам одговор на прашањето зошто?".