Давид Виља не постигна погодок против Реал Мадрид, но играше одлично и беше во одлично расположение по последниот судиски сигнал.
Шпанскиот репрезентативец ја оцени победата на Барселона како потполно заслужена, но потцрта дека реаваншот на Камп Ноу ќе биде исто толку тежок и дека Реал не е тим за потценување.
„Мислам дека бевме подобриот тим во текот на целиот натпревар. Црвениот картон беше доделен апсолутно исправно. На домашен терен ќе биде тешко, не очекуваат 90 тешки минути“, изјави Виља.
„Сакавме да играме отворено, но домаќините ни ја отежнаа работата. Важно е што не го изневеривме нашиот стил и се радувам поради победата“, дополни напаѓачот кој не сакаше да коментира за противникот и неговиот тренер, Жозе Мурињо.
Одбрамбениот играч на Барселона, Жерард Пике после натпреарот изјави:
„Тактиката на Реал повторно не разочара. Очигледно Мадриѓаните мислат дека единствениот начин да ни се спротистават е да ја гушат нашата игра. Тие играат болен фудбал. Повторно не сакаа да играат, не ни пробуваа да ја задржат топката“.
„Цевениот картон беше црвен картон. Кога некој оди по работ на дозволеното, многу е нормално да згреши. Пепе многу оштро влезе во Дани Алвеш и можеше тоа да зврши многу трагично за нашиот играч“, коментира Пике.
„Ова е победа на фудбалот. Сакам да зборувам исклучиво за фудбалот,а не за Мурињо“, јасен беше плејмејкерот на Барселона Чави.
„Одлуките на судиајта секогаш ќе бидат оспорувани. Тоа не е ништо ново. Меѓутоа беше евидентно дека одлуката на Штарк да го исклучи Пепе беше исправана. Имаме резултат кој го заслуживме. Повторно бевме супериорни. Ние сме тим кој сака да игра напаѓачки фудбал и да ги забавува гледачите. Во Реал само се надеваат да ни ја умртват играта и да играат на контри. Тоа им успеа во Купот, но не и овај пат“, додаде Чави.