Кој рече дека филмовите не се за мали деца? Девет годишниот Tristin Saghin со помош на гледање филмови успеал да ја спаси неговата помала сестричка од сигурна смрт.
Додека Tristin со неговото семејство биле на гости, малата сестричката успеала да им избегне од видот на сите и да излезе надвор покрај базенот . Откако сватиле дека малото девојче го нема сите излегле да го бараат кога ненадејно го виделе во базенот. Во таа ситуација при себе бил само малиот Tristin кој веднаш ја извлекол сестричката од базенот и почнал да и дава вештачко дишење. Со помош на вештачко дишење и масажа на срцето Tristin си ја оживеал својата помала сестричка.
Малиот Tristin на неговите родители им раскажал дека тоа го научил од филмот "Black Hawk Down" .