Тупак Шакур бил многу работи во својот краток живот: рапер, актер, поет, танчер - и очигледно сценарист. Сценарио напишано од Тупак наречено Live 2 Tell доби зелено светло од NЅtar Studios, после 16 години фаќање прашина низ Холивуд.Иако насловот ќе ви асоцира на тоа дека можеби Тупак напишал филм инспириран од песна на Мадона, Live 2 Tell е приказна за „тинејџ дилер со дрога и неговите напори да го напушти светот на криминалот“, пишува Variety.
Тематски, ова личи на филмовите како „Juice“ и „Above the Rim“ во кои своевремено Тупак Шакур се појави.
Сценариото веројатно е напишано кога Тупак се наоѓал на издржување на 11-месечна затворска казна во 1995. година.
Мајката на убиениот Шакур, Афени, ќе биде извршен продуцент на филмот, заедно со режисерот на „Тupac: Ressurection“ Престон Холмс и продуцентот на „Flow“ Двајт Вилијамс.
Нејасно е како едно сценарио напишано од Тупак можело едноставно да лежи на некоја полица повеќе од деценија и пол, но веројатно важниот момент е што конечно овој проект ќе почне да се реализира. Буџетот се проценува на 11 милиони долари, а продукцијата започнува во првата четвртина на наредната година.