Актерката Хилари Свонк и се приклучи на екипата која го работи на филмот за криумчари на дрога, наречен „The Dallas Buyer's Club“.
Партнер во филмот, чие сценарио е базирано врз вистинска приказна за тексашанецот Рон Вуд, на оскаровката Свонк ќе и биде Метју Меконахи, пренесе списанието „Холивуд репортер“.
Вуд имал големи проблеми со американската агенција за лекови и храна, откако во САД прошверцувал алтернативни и непроверени лекови за СИДА, како би си помогнал себе си и на други пациенти заболени од оваа болест.
Хилари Свонк била првиот избор на екипата која го продуцира филмот, но се` уште не е познато која улога ќе ја глуми во оваа, според најавите, потресна и шокантна приказна.